Уставниот суд информираше дека едногласно е донесена одлуката за запирање на кратењето на платите на сите функционери, односно за судиите, обвинителите, пратениците, советниците во општините, директорите и другите раководни лица.
„Тоа значи дека кај сите судии во оваа фаза од постапката, нема никаква дилема дека основано може да се постави прашањето за согласноста на овие акти со низа уставни и законски одредби.
По однос на ставовите на Судот за овие уредби, но и за другите уредби со законска сила за кои на вчерашната се седница се одлучи да се поведе постапка за оценување на нивната уставност и законитост, согласно Деловникот на Судот, Владата ќе има можност да даде свои правни аргументи, наместо вчерашните непримерни и паушални наводи, кои не се во согласност со владеењето на правото и се насочени против самостојноста и независноста на Судот која треба да биде почитувана од секого вклучувајќи ја и Владата“, се вели во соопштението на Уставниот суд .





