Уставниот суд пресуди во корист на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ и не поведе постапка за оценување на уставноста на специјалниот Закон за изградба без тендер на автопатите од Коридорите 8 и 10.



„Голема одлука денеска во Уставниот суд. Надмината е и последната законска пречка за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата земја и сега ќе се преговара за градежен договор со компанијата „Бехтел–Енка““, објави првиот вицепремиер Артан Груби.

Антикорупциската комисија бара Уставниот суд во детали да образложи зошто ја отфрлил нивната иницијатива со која бараа да се преиспита законот со кој на американско-турската компанија без тендер ќе и се дозволи да ги гради патните правци од Коридорите 8 и 10. .

„Уставниот суд е врв, се што било во наша надлежност сме направиле, немаме образложение за одлуката, многу не интересира какво ќе биде тоа образложение, до толку повеќе што нашата иницијатива се засноваше на членови кои се дел од Уставот. Дополнително ни направи сомнеж, благодарноста искажана од Артан Груби кон уставните судии“, изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.