По иницијативата поднесена од „Анима мунди“, Уставниот суд го укина членот 106 од Одлуката за комунален ред на Општина Битола од 2012 година која предвидуваше во едно семејно домаќинство да може да се чуваат најмногу до две кучиња.
Од Уставниот суд истакнуваат дека никаде во законодавството не се пропишува дека во едно семејство може да се чуваат само две кучиња, па според тоа, Одлуката е спротивна од уставен и од законски аспект, односно дека е во спротивност со уставните определби.
Укинатиот член 106 од Одлуката пропишуваше и дека не е дозволено чување кучиња кои постојано лаат и завиваат и чување кучиња во згради…
Повеќе на Академик.мк






