Уставниот суд ќе одлучува по ницијативата на Левица дали ќе отвори предмет преку кој ќе разгледува дали функцијата прв заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политичките прашања на ресорите е во согласност со Уставот.
„Подносителот на иницијативата наведува дека Уставот предвидува дека организацијата и начинот на работата на Владата се уредува со закон, а таков посебен закон е Законот за Владата, кој, според наводите во иницијативата дозволува претседателот на Владата од редот на министрите да именува свои заменици, но не дозволува рангирање на „вицепремиерите” од типот „прв”, „втор”, „трет” и слично”, соопшти од Уставниот суд во најавата за денешната седница.






