СДСМ и ДУИ не знаат што прават со влезот на Бугарите во уставот смета професорката по уставно право и политички систем Тања Каракамишева Јовановска.
За да некој влезе во преамбулата треба да има оставено позитивни дела во историски контекст вели професорката.
,,Ајде уште еднаш да ги прашам властите, бидејќи очигледно немаат поим што прават.
Во преамбула на секој Устав се содржани најважните историски настани, личности од колективната меморија на земјата. Каква позитивна меморија имаат оставено Бугарите врз развојот на македонската историја и идентитет?”, прашува Каракамишева која не е дел од работната група со експерти за уставно право која владата ја предложи со цел промена на уставот.







