Уставен експерт до Кацарска: Го знае ли начелото Nemo judex in causa propria

Професорката по Уставно право и политички систем Тања Каракамишева Јовановска поставува прашање до јавноста но и до новата претседателка на Уставниот суд Добрила Кацарска која лично го даде пресудниот глас за да самата биде избран за прв човек на највисоката судска институција во Македонија.



“Како судија Кацарска мора да го знае начелото nemo judex in causa propria кое бара од секој судија да делува непристрасно и да не одлучува во случаи кои се личен интерес на судијата.Изборот за претседател на Уставниот суд со нејзиниот одлучувачки глас “за” е спротивен на правото!”, пишува Каракамишева која цитира начело кое постои од постоењето на правото а го знаат сите што сериозно се занимаваат со него од Римско време.

Судијката Кацарска е единствената судијка или судија чија што пресуда од Уставниот суд во предходниот состав беше оценета како противуставна.

Без сопствениот глас на гласањето што се случи пред три недели таа немаше доволно гласови за да стане претседател на Уставниот суд.