Успаничени граѓани, силен земјотрес почувствуван утрово во Скопско и повеќе други региони

Силен земјотрес на неколку минути пред 4 часот утрово е почувствуван во пошироката околина на Скопје но и во Ресен, Охрид, Струга…



Очевидци тврдат дека земјотресот бил во траење од триесетина секунди и бил посилен од вообичаените тресења на почвата забележани во предходните месеци.

Земјотресот со силина од 6,6 степени по Рихтер е со епицентар во градот Драч во Албанија а поместувањето на тлото е на длабочина од 10 километри.