Усно поднесената оставка на Катица Јанева не се важи

Нема оставка нашеефицата на СЈО, Катица Јанева с’е додека таа не биде писмено доставена до Советот на јавни обвинители.



Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев вели дека до Советот нема доставена оставка од специјалната обвинителка Јанева.

„Ние не можеме да ја констатираме оставката само врз основа на нејзината усна изјава. Треба да ја имаме написмено. Ако сака навистина да даде оставка, се знае како се дава според законот“’, вели Штерјев за „Слободен печат“.