Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ на денешната седница ја прифати конечната понуда на Халк банка АД Скопје како најповолна за извршување на платниот промет и обезбедувањето на финансиските услуги за многу граѓани и правни лица, како што се наплата на сметки за комунални услуги, наплата на сметки за струја, исплата на пензии, исплата на социјална помош и други банкарски услуги и безготовински платен промет.
По пропаѓањето на Еуростандард банка, АД „Пошта Македонија“ на 13 август го стопираше извршувањето на платниот промет преку оваа банка.
Управниот одбор на Пошта на Македонија по добивањето на согласност од Надзорниот одбор ѝ предлага на Владата во својство на Собрание на Друштвото да даде согласност за склучување на договор за соработка помеѓу АД „Пошта на С. Македонија и Халк Банка АД Скопје.






