Условни казни за 5 лица за насилните протести во Тетово

Блерим Ахмеди, Насер Белули, Арјан Шерифи, Џемал Садики и Ветон Алити добија условни казни за сторено кривично дело „напад врз службено лице“, на протестот во Тетово и Мала Речица на 17 септември на кој се бараше одговорност за 14-те лица кои ги загубија животите при пожарот во модуларната болница на 8 септември.



„Обвинетите ја признаа вината, а судот утврди казна затвор од една година доколку повторно го сторат делото во наредните три години. Воедно судот ја укината мерката притвор“, изјави Бесник Асани, адвокат на првообвинетиот Блерим Ахмеди.

На 17 септември имаше протестен марш во Тетово од плоштадот па се до седиштето на ДУИ во Мала Речица. Кога полицијата се обиде да го спречи движењето кон седиштето, дел од учесниците во протестот употребија насилство за да го продолжат движењето.