Северно атланската алијанса веќе донесла одлука Македонија да биде поканета да стане 30 членка на НАТО односно да започне пристапни разговори.
Во драфт писмото до премиерот Заев што треба да биде испратено утре а до чија предлог содржина expres.mk има пристап, се наведува дека одлуката Македонија да добие покана е донесена во контекст на историскиот договор со Грција.
Практично НАТО ќе информира дека на Самитот е одлучено да се даде покана да се отпочне со пристапни разговори за членство во НАТО која ќе се активира само ако се имплементира договорот!
Столтенберг во писмото пишува дека тој знае дека договорот е тежок но дека е во најдобар интерес на двете земји и регионот.
Според генералниот секретар договорот го отворил патот за реализација на планот на земјата да стане дел од евроатланските структури.
Столтенберг во дописот до Заев изразува надеж дека договорот ќе биде брзо и целосно исполнет по што земјата ќе може да биде поканета пристапи кон Вашингтонскиот договор во најбрз можен момент.
Според процедурата на НАТО формалниот влез на една земја се случува по ратификација на влезот од парламентите на сите членки на формална церемонија каде се потпишува Договорот од Вашингтон со кој е формирана алијансата.
За Македонија оваа покана е условена затоа што во случај на пропаѓање на договорот со Грција Македонија ќе остане под блокада дури и ако договорот пропадне поради официјална Атина.





