За време на состанокот во февруари, Бугарија ја информираше РС Македонија дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат.



Ова специјално за БГНЕС го соопштија од бугарското МНР во врска со наводите на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи дека постои документ кој е одобрен од нивна страна и се чека одговор од властите во Софија.

Османи:Има документ за договор со Бугарија, но дали Софија ќе го прифати

„Последниот експертски состанок на тимовите на МНР се одржа на 11 февруари годинава, на кој се разговараше за најновите предлози на РСМ, официјално испратени во декември 2021 година како одговор на предлозите на бугарската страна 2021 година, во Скопје. На средбата во февруари бугарската страна ги информираше претставниците на РСМ дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат“, соопштија од бугарското МНР.

ОД таму нагласиле дека „кога ќе има изгледи за значителен напредок, бугарската страна ќе испрати свој контрапредлог со цел приближување на ставовите“, јавува БГНЕС.