Уште три години затвор и две условни казни за „нарко пасошите“

На тројца обвинети во случајот „Двојник“, кои се изјаснија дека не признаваат вина Кривичниот суд во Скопје денеска ги изрече пресудите:



Фарук Буки е осуден на затворска казна во траење од 3 години, а Весна Колевска и Бранислава Владичевска добија условна казна во траење од една година.

Досега од обвинетите кои признаа вина, шестмина добија затворски казни од 1 година и 7 месеци до 2 години и 7 месеци, а еден условна.

асошите се издавале во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година. Биле издадени пасоши на 214 странски државјани и на еден македонски државјанин.