Откако седумина веќе се спогодија со Обвинителството, денеска уште со уште седум осомничени од Грчец во предметот „Планина“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучил Предлог -спогодби.
„Откако беа запознаени со доказите што обвинителството ги прибави во текот на спроведувањето на предистражната и истражната постапка, го признаа извршувањето на кривичното дело за кое се товарат. Судијата на претходна постапка при Основиот кривичен суд – Скопје ги прифати Предлог – спогодбите и лицата ги огласи за виновни за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик“- велат од ОЈО.
Со пресуда на обвинетите им е изречена казна затвор во која се пресметува и времето поминато во притвор и тоа:
-на осомничениот С.С.(34) осудуван за други кривични дела во траење од пет години;
-на осомничените Б.Љ.(39) и Ф.Љ. (33) осудувани за други кривични дела во траење од по три години и шест месеци и
-на осомничените И.А. (19), С.Е. (21), Е.И. (24) и Ќ.Љ. (29) досега неосудувани во траење од по три години.
Обвинетите што се спогодија со обвинителството се упатени на издржување на изречената казна, а за останатите истражната постапка е во тек велат од Обвинителството.





