На петтемина осомничени за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски Кривичниот суд им го продолжи притворот за уште по 30 дена.
Меѓу осомничените е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој според истрагата им помогнал на останатите да го грабнат девојчето и се сомничи за кривичното дело грабнување.
Останати тројца за кои е одредено продолжување на мерката се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, осомничени за по две кривични дела – убиство и грабнување.
Првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски-Палчо, по бегството од земјава, се наоѓа во затвор во Турција и во тек е постапката за негова екстрадиција.
Вања Ѓорчевска беше грабната во влезот од зградата на 27 ноември и според исказите на осомничените, два часа подоцна со истрел од пиштол е убиена. Нејзиното тело беше пронајдено на 3 декември во атарот на селото Бразда.






