Дали утре скопјани ќе се разбудат со студени радијатори, е прашање кое мачи околу 60 илјади домаќинства во земјава, кои уредно си ги плаќаат своите сметки за топлинска енергија.
Според последните неофицијални информации, Министерството за економија донело одлука што ќе прави за надминување на овој проблем, а министерот Крешник Бектеши тоа ќе и го соопшти на јавноста на пресконференција која ќе се одржи вечерва.
Според Министерството за економија, БЕГ е приватна компанија која врши услуги од јавен интерес и своите обврски мора да ги исполнува, а во спротивно, на компанијата ќе ѝ биде одземена лиценцата за работа. Од таму утрово најавија дека Владата денеска ќе донесе одлука која ќе биде во интерес на домаќинствата кои се греат на парно.
Сепак ставот беше тој што вчера го кажа првиот човек на Регулатопрната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, дека доколку БЕГ престане да испорачува топлинска енергија, лиценцата ќе им биде одземена, и ќе треба да се воспостави привремена управа врз компанијата од страна на државата.
Доколу радијаторите утре останат ладни, единствена опција на тие семсјтва ќе им биде греење на струја, што може да го оптовари електроенергетскиот систем на државата.





