Рускиот амбасадор во Обединетото Кралство, Андреј Келин, во интервју за Би-Би-Си, (кое ќе биде целосно емитувано подоцна во текот на денот), вели дека Русија има „огромни ресурси“ и дека всушност сè уште преминала во „многу сериозна акција“.
Во интервју со новинарката на Би-Би-Си, Лаура Кунсберг, наместо да одговори на прашање за однесувањето на Русија, за вијната која трае речиси година и половина, за воените злосторства, Калин јасно стави до знаење дека е навреден од прашањето.
Тврдејќи дека Москва „се уште не почнала сериозно да дејствува“, тој рече дека „Русија е 16 пати поголема од Украина“ и „Имаме огромни ресурси“. Времетраењето на конфликтот, рече тој, „зависи од напорите за ескалација на земјите од НАТО, а особено, конкретно, Британија“.
„Се разбира, порано или подоцна оваа ескалација би можела да оди во нова димензија која ниту ни треба ниту ја сакаме. Можеме да ја надоместиме уште утре“, вели Келин.
Коментарите на амбасадорот доаѓаат еден ден по интервјуто на секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексеј Данилов, кој рече дека неговата земја наскоро би можела да започне контраофанзива.







