Иран егзекутира втор затвореник, приведен за време на националните протести кои веќе ја оспорија теократијата во земјата, јавува Асошиетед прес.
Смртната казна беше извршена откако на националната телевизија беше емитувана снимка, на која наводно се гледа како сега веќе погубениот Маџидреза Ранавард фатално со нож боде човек пред да побегне.
Иранската новинска агенција Мизан, која дистрибуира судски вести, објави дека Ранавард смртно избодел двајца униформирани мажи на 17 ноември во Машхад и ранил уште четворица.
Егзекуцијата – помалку од еден месец откако тој беше обвинет за смртно избодена со нож двајца полицајци – ја покажува брзината со која Иран сега извршува смртни казни за приведените на демонстрациите што владата се надева да ги смири.
Активистите предупредуваат дека најмалку десетина луѓе веќе се осудени на смрт зад затворени врати.
Најмалку 488 луѓе се убиени од почетокот на протестите во средината на септември, според групата Активисти за човекови права во Иран. Уште 18.200 се уапсени од властите.






