Уште едни избори ќе бидат катастрофални и губење на историско време, изјави премиерот Кирил Петков, пренесоа бугарските медиуми.
„Видовме дека има храбри и одговорни луѓе и сега мора да се следи нивниот пример. Се фокусиравме да имаме 121 пратеник кои нема да се зависни, да нема кој да ја спречи промената во антикорупциската комисија, да нема кој да го запре буџетот“.
Радостин Василев и пратениците порачаа дека нивната лојалност е кон Бугарија. Сега прашање е да се следи нивниот пример со уште 7 лица – рече Петков, откако неколкумина пратеници од „Има таков народ“ на чело со министерот за спорт Василев, објавија дека ја напуштаат пратеничката група.
Тој предупреди дека до крајот на годината треба да бидат усвоени 22 предлог-закони инаку Бугарија ќе изгуби 12 милијарди од европски фондови, „ќе нема ажурирање на пензиите, младите семејства нема да добиваат дополнителни даночни олеснувања, цените на горивата ќе продолжат да растат и веројатно уште еден бран ковид доаѓа наесен. Уште едни избори ќе бидат погубни и губење историско време“, порача Петков.






