Уште една земја би сакала да се приклучи на групата БРИКС?


Индонезија е подготвена да се приклучи на групата БРИКС, изјави претседателката на Советот на Руската Федерација, Валентина Матвиенко, по разговорот со претседателот Јоко Видодо на маргините на парламентарниот самит на Г20 во Џакарта.



Претходно, Аргентина уште во јуни заедно со Иран поднесоа барање за полноправно членство во БРИКС.

Интерес пројави и Турција која е членка на НАТО.

Алжир исто така изрази интерес да се приклучи на клубот на економии во развој, во кој моментално се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, пишува Sputnik International.