Вулкан во југозападен Исланд еруптираше денеска, објави тамошната метеоролошка служба, што ја прави петта ерупција на полуостровот Рејкјанес од 2021 година.
Ерупцијата започна северно од рибарскиот град Гриндавик, но сè уште не е јасно од каде точно доаѓа лавата или во кој правец тече, јави телевизијата RUV.
Последната ерупција на полуостровот започна во вулканскиот систем Свартсенги на 18 декември, по евакуацијата на сите 4.000 жители на градот Гриндавик и затворањето на геотермалната бања Blue Lagoon, популарна туристичка дестинација.
Гриндавик повторно ќе биде евакуиран поради ерупцијата. Сите 4.000 жители се очекува да го напуштат Гриндавик до утре вечер, по што ќе им биде забрането да се вратат во градот во следните три недели, соопшти полицијата.





