Уште една врвна лекарка не може да поверува што (не) прави владата (за пациентите)

Врвната лекарка Гордана Мирчевска која е водечки македонски микробиолог реагира на однесувањето на владата која троши пари за изнајмување на прескапи возила за состанок на ОБСЕ а нема пари за тешко болни пациенти.



,,Нема пари за лекови за пациентите со цистична фиброза, нема пари за дијабетичарите и онколошките пациенти, нема пари за реагенси и нови методи во микробиологијата, што ќе придонесат за порано откривање на сериозни, живото-загрозувачки фунгални инфекции кај најтешките болни, нема пари за наука, за истражувања, нема пари за да купиме медицински, анатомски столици за работните места, со кои ќе му го продолжиме векот на нашиот р’бетен столб…списокот е долг, за што се’ немаме пари….ама затоа МНР има пари за да плати 960 илјади евра за наем на возила за самитот на ОБСЕ. Зар е можно ова? Зар е вистина??? За се’ нема пари, ама за луксуз имаме….пред кого презентираме некое квази високо ниво? Зарем нема доволно возила во владата, па истите тие да се користат и за таа намена? Зборуваме за 960 илјади евра”, пишува лекарката која не може да разбере зошто за владата се поважни странски дипломати од своите болни граѓани.

,,Еееејјјјј…..Боже, Боже, има ли крај се’ ова? Има ли крај на неконтролираното и непланско трошење на парите во оваа држава?Значи ние навистина ептен сме биле многу богата држава! И уште имало за раздавање….
Како е можно досега да не се појави некој политичар, па да рече, од утре ќе функционираме поинаку, ќе тераме со есап!?
Еееееее моја тажна Македонијо….никако да Те оправиме и опоравиме! Ќе се доиспразниш многу побрзо од што мислевме….како ми изгледа….натаму сме тргнале….”, пишува Мирческа која досега не реагирала јавно на однесувањето на владата.

Преходно со слична реакција излезе уште една врвна македонска докторка.

Врвна лекарка вџашена од Ковачевски и Османи: Тешки пациенти немаат лекови, а Владата дава милиони за рент-а-кар