Уште една престрелка во САД: Двајца загинати, 5 повредени

Најмалку две лица загинаа, а пет други се повредени по пукање во предградие на Лос Анџелес, САД, јави CBS News. Претходно беше соопштено дека 7 се повредени, од кои двајца се во критична состојба.



Четворица мажи и три жени биле застрелани во близина на салон за автомобили.

Властите се уште утврдуваат што се случило на местото на настанот.

Ова е уште еден сличен напад во земјава во последниот месец. Последниот беше пред два дена во националниот парк Maqueta Caves во источна Ајова.