Грција вчера објави дека ја завршила изградбата на уште 40 километри ограда на границата со Турција и дека со работа е започнат нов систем за надзор, поради загриженоста дека падот на Авганистан во рацете на талибанците ќе предизвика нов мигрантски бран кон Европа, објави Катимерини.
Претходно Турција објави дека крева ѕид на границата со Иран од каде стравува дека ќе има наплив на авганистански бегалци.
Ситуацијата во Авганистан ги поттикна стравувањата во Европа од повторување на мигрантската криза од 2015 година кога речиси милион луѓе избегаа од Блискиот Исток кон Европа, патувајќи преку Турција и Грција.
Министерот за миграции на Грција неделава соопшти дека „грција нема да биде европска порта за авганситанските бегалци…
„Авганистанската криза создава можност за мигрантски бран. Не можеме пасивно да чекаме потенцијален удар“, рече грчкиот министер за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис по посетата на северниот пограничен регион Еврос со министерот за одбрана и военото раководство.
„Нашите граници ќе останат безбедни и непробојни“, нагласи тој.
Грција и Турција се НАТО сојузнички…







