По грешката со невозможни 102 проценти испитаници анкетирани од агенцијата Стратум РД по нарачка на неделникот Фокус пронајдена е уште една грешка која укажува дека анкетата е правена наменски и брзоплето. Со најмалку двете сериозни грешки истражувањето кое најверојатно има цел СДСМ да ја намали штетата што ја претрпе со објавување на професионалната анкета на Маркет Вижн каде Ковачевски и партијата се губат убедливо од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, губи секаква релевантност.
Посебна приказна е што фирмата која наводно ја спровела анкетата пред локалните избори предвидела победа на СДСМ која загуби катастрофално а преходно добила сериозни пари од Фондот за иновации предводен од директорот од СДСМ Коста Петров.
Во прашање за поддршка за уставните измени Фокус и Стратум РД најверојатно од брзање не успеале да ги наштелуваат соодветно бројките по што вкупниот резултат го пресметале како 104 проценти испитаници што е математички невозможно.

Повеќе детали за првиот гаф направен во брзање Фокус да го пренесе наративот на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа а СДСМ е популарна партија.
Во срамната анкета на некогаш влијателниот Фокус има 102 % испитаници (ФОТО)






