Уште една директна порака за Десковска: Беден спин, јадови мизерни

Искуството во Албанија не може да биде причина за одложување на ветингот или проверка на правосудните работници, смета екс димпломатот Арсим Зеколи.



“Која беда од спин на Дескоска. Сакаме, демек, ветинг, ама европјаните (поради искуството со ветингот во Албанија) велат не сега. Бидејќи, нели, судството ни е Цмок па да не праиме хаос. Јадови мизерни” пишува Арсим Зеколи за ставот на Дескоска по прашањето за одложување на ветингот поради наводно барање на ЕУ.

Во Албанија процесот на ветинг е започнат одамна и досега се откриени десетици правосудни и други работници кои имаат сериозни пречки во биографиите за да вршат задачи во правосудството и полицијата.