Уште еден врвен лекар ги “трола” Филипче, Заев и Владата за вакцините

По детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски кој се шегуваше дека Владата требало да ги прати кинеските вакцини преку Марко Поло и врвниот ортопед Виктор Камнар се шегува на сметка на министерот Филипче, премиерот Заев и целата влада која со месеци вели дека преговара и ќе донесе вакцини од Фајзер.



Камнар кој лани се повлече од директорското место на скопската ортопедија алудира на изјавата на Филипче дека Македонија била најподготвена за вакцинација.

“Со фајзеров до кај сме, уште ли најприпремени во европа чекаме на одговор од централата во Њујорк?”, пишува лекарот кој преку иронија го коментира хаосот во македонското здравство.

Камнар смета дека кога е во прашање јавното здравје не може да има никакво оправдување за тие што ја водат државата.

Предходно слична изјава и од Др. Чадиковски

Водечкиот детски кардиохирург се мајтапи со владата за вакцините