Според полициски извештаи уште еден од новите советници на таканаречениот прв вицепремиер Артан Груби има проблем со законот.
Шпат Касапи кој неодамна е промовиран за советник на Груби бил фатен со две кесички со прашкаста материја, велат записници од МВР во кои се заведуваат настани кои се процесирани од припадници на полицијата.
Пред нецели 6 недели во Ѓорче Петров советникот Касапи од припадници на МВР бил запрен и му била одземена непозната супстанца.
Линк до полицискиот записник
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3554183781343723&id=2156408087787973
Популарниот пејач Шпат Касапи од неодамна е член на кабинетот на вицепремиерот Груби.
Тој е син на експратеничката од СДСМ, Ѓумлсере Касапи, а на вицепремиерот му е советник за култура и општество.
Предходно бил член на Тетовскиот огранок на СДСМ.
„Во доставената биографија му пишува и дека „учествувал на повеќе настани поврзани со промовирањето на културата во Република Северна Македонија, но и во регионот“, иако не е напишано за какви настани станува збор. Освен македонски и албански, говори и англиски и турски јазик. Но, иако биографијата што ни беше доставена не е така обемна, многу пообемна е онаа биографија што ја има на Википедија, каде што пишува дека ја почнал музичката кариера од мали нозе, учествувал на многу музички фестивали, а освојувал и награди. Освен во Македонија, настапувал и во Албанија“, објави Призма пред една недела.
И другиот советник на Груби Омер Буњаку водач на навивачката група Шверцери има полициско досие и според делата требало да послужи затворска казна за најмалку два случаи.
Повеќе
Советникот на Груби бил уапсен по демолирање кафуле за македонска песна (ВИДЕО)






