Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во северозападните делови со услови за појава на краткотраен дожд.
Температурите ќе достигнат максимални 34 степени во јужните краишта, а 32 во Скопје.
УХМР прогнозира дека во следните денови времето ќе биде претежно сончево со свежи утра, со појава на мала до умерена облачност и со благо покачување на дневната температура.
Во недела од крајот на денот ќе се зголемува облачноста и во понеделник ќе преовладува претежно облачно време со умерен до повремено пороен дожд, појава на грмежи и засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.







