Уште еден “синџир” на Твитер, овој пат за премиерот Заев

Откако вчера го истролаа Павле Богоевски и се шегуваа со статусот “И јас сум таксистот” денеска Твитерџиите мајтап играат со премиерот Заев.



Повод е неговата изјава дека Албанија е виновна што Македонија нема да добие датум за преговори.

За да се потенцира манипулацијата на Заев на Твитер се појави пораката “И јас сум крив што Македонија не доби датум за преговори” која ја ретвитаат илјадници луѓе.

Со обвинувањето на официјална Тирана за блокадата на Македонија Заев за својата неспособност практично го обвини Еди Рама и неговата неспособност да ја подготви Албанија за преговори со ЕУ.