Група високи воени офицери ма војската на државата Габон се појавија на националната телевизија во раните утрински часови денеска и објавија дека ја презеле власта откако државната изборна комисија објави дека претседателот Али Бонго освоил трет мандат, пренесува Ројтерс.
Воен удар претходно нa 26 јули имаше во Нигер.
Пучистите во Нигер не попуштаат
Официрите рекоа дека ги претставуваат сите безбедносни и одбранбени сили во централноафриканската земја.
Најавија дека резултатите од изборите се поништени, сите граници се затворени до дополнително известување и распуштени државните институции.
„Во името на габонскиот народ… решивме да го заштитиме мирот со ставање крај на сегашниот режим“, рекоа официјалните лица.
Претседателот Али Бонго освои трет мандат на претседателските избори со 64,27 отсто од гласовите, соопшти во средата Габонскиот изборен центар (CGE) по одложените општи избори кои опозицијата ги осуди како фалсификат.
Тензиите се зголемуваа поради стравувањата од немири по саботното претседателско, парламентарно и законодавно гласање во кое Бонго се обиде да го продолжи 56-годишното владеење на неговото семејство, додека опозицијата се залагаше за промени во богатата со нафта, но сиромашна нација.







