Неделникот Фокус не бил единствениот провладин медиум кој што ја објавил лагата за наводен судир меѓу претставник на Алијанса за Албанците и Левица која што можеше да предизвика раздор меѓу партиите кои ги дадоа 61 потписник на барањето за пад на владата во Собранието.
И порталот Новатв кој порано беше сопственост на Борјан Јовановски а кој неодамна го купи бизнисменот Владимир Стајиќ Роштиљ објави дека шефот за комуникации на Алијанса Шефик Дураку наводно го нарекол “Паљачо” лидерот на Левица Димитар Апасиев што воопшто не е точно.
Уредник на порталот ТВ Нова е долгогодишната новинарка на МТВ и Канал 5 Мирјана Трпчевска.
Исто како и Фокус и Новатв цитира малку познат портал кој важи за близок на Артан Груби од ДУИ кој е втор човек во владата на Заев.
Сопственикот на Новатв Стајиќ според повеќе медиуми во последниве години добил огромен број тендери од владини институции во вредност од десетици милиони евра а неговата сестра е државен секретар во министерството за финансии како кадар на СДСМ.
Деталите за грубата манипулација во текстот кој е објавен на идентичен начин од двата портали со разлика во нијанси во насловот, на овој линк:
Линк до
НоваТв






