По министерот за внатрешни работи Оивее Спасовски уште еден партиски функционер кој беше лично присутен на Дигиталниот конгрес на СДСМ е позитивен на Ковид-19.
„Би сакалa да ве информирам дека вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.
Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно.
Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг.
Во овој период секој мора да биде одговорен, апелирам за строго почитување на мерките, не 99, туку 100 % почитување на сите мерки за заштита на здравјето.
Чувајте се!“, објави на Фејсбук Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ, која ги водеше Конгресот на СДСМ и прес-конференцијата со Заев и беше во заедничка просторија со Спасовски и со другите партиски функционери.





