Уште еден пратеник позитивен на Ковид-19

Лазе Таневски, пратеник од владејачката СДСМ од Охрид е позитивен на коронавирусот.



Тој на социјалните мрежи објави дека е заразен со вирусот, а неговото семејство се тестирало и сите се негативни.

Денеска пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, е хоспитализиран откако се заразил со корона.

Собранието треба да има седница на 12 октомври, но спикерот Талат Џафери ќе се консултира околу ова со Комисијата за заразни болести.