Уште еден од тројцата патници во изрешетаното возило во синоќешнта престрелка на „Рузвелтова“ во Скопје, почина од здобиените рани од огнено оружје.



49 годишиот А.П. им подлегнал на повредите два часа по приемот во Ургентниот центар, околу 3 часот по полноќ.

„И покрај напорите на лекарскиот тим, повредениот им подлегна на повредите“ изјави за МИА д-р Алберт Леши, раководител на Ургентниот центар.

Три лица во возило “сеат алтеа“ ноќеска околу половина час по полноќ, биле нападнати од непознати сторители кои од огнено оружје стрелале кон нив.

На самото место починал 44 годишниот Н.А. а другите двајца Ф.Е. (19) и А.П. биле пренесени во болница.

Над третиот хоспитализиран е извршена хируршка интервенција и останува на интензивна нега.

Престрелка среде Скопје, неофицијално едно лице загина, еден се бори за живот(ФОТО)