Уште еден починат и 14 нови позитивни на Ковид-19 во Македонија

Институтот за јавно здравје во изминатите 24 часа во Македонија регистрира уште еден смртен случај и 14 нови заразени од коронавирус, како и 20 оздравени пациенти.



Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април, со што бројката на жртви од Ковид-19 од почетокот на пандемијата достигна 90.

Од 242 теста направени во последните 24 часа шест биле позитивни во Велес, пет во Скопје, два во Прилеп и еден во Тетово.

Меѓу излекуваните девет се од Куманово, седум од Велес, два од Прилеп и по еден од Скопје и од Битола.

Вкупниот број на лица кај кои е дијагностициран Ковид-19 во Македонија изнесува 1.586, од нив оздравеле 1.099, а активни случаи се 397.