Полицијата приведе уште едно лице осомничено во случајот со грабнување на Самоил Костадиновски, внук на екс-министерот Љубе Бошковски.
Самоил „исчезна“ во март годинава, а за неговото грабување беа приведени две лица за кои исто така се води истрага.
Пред неколку дена, непознато лице пукало во таткото на Самоил кој со повреда беше пренесен во болница.
Некој сакал да го убие таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошковски!?
„Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека било вклучено во дејствија на кривично дело – грабнување“, соопштија од ОЈО Скопје.
Осомничениот на 3 март, заедно со уште две други лица против кои веќе се води истрага, учествувале во дејствија на грабнувањето во Кисела Вода.







