Еден од најблиските соработници на бугарскиот премиер Бојко Борисов за кого македонскиот колега вели дека му е брат го обвинува Зоран Заев дека лаже за луѓето кои го ослободиле Скопје.
“Честито ослободување на Скопје!
На овој ден, 1944г. Првата и Четвртата армија на Царството Бугарија, заедно со мал дел југословенски партизани го ослободуваат Скопје”, пишува Андреј Ковачев европратеник на партијата ГЕРБ на Бојко Борисов во Европарламентот.
https://www.facebook.com/133004451640/posts/10157551157736641/?sfnsn=scwspmo
Ковачев коментарот го дава прашувајќи од кого е ослободено Скопје и цитирајќи пост на премиерот Заев кој напиша дека Скопје е ослободено од македонските партизани.
“Денеска го одбележуваме 13 Ноември – Ден на ослободувањето на Скопје.
Ден потсетник за херојството на 87 жртви и на 1200 борци од македонските партизански единици кои на овој ден пред 76 години на граѓаните на земјата им ја донесоа слободата и остварувањето на сонот за сопствена самостојна држава, а на градот Скопје титулата – метропола”, напиша Заев.
Андреј Ковачев заедно со бугарскиот тајкун Милен Врабески и владиката Наум се сметаат за луѓето кои ја водеа координацијата за операцијата за потпишување на договорот меѓу Скопје и Софија.
Во јуни 2017 година овие четворица имаа средба во Владата во Скопје за која владините служби никогаш не објавија информација за што се разговарало.






