Уште еден новинар почина додека известуваше за Светското првенство во фудбал во Катар, јави Fox.sports повикујвајки се на локални медиуми.
Минбатата недела, ненадејно почина американскиот новинар Грент Вол додека работел на извештај за натпреварите од Мундијалот.
„Гoлф тајмс“ објави дека катарскиот фоторепортер Калид ал Мислам „ненадејно“ починал викендот.
Катарскиот медиум напиша:
„Ал Мислам, Катарец, ненадејно почина додека известуваше за Светското првенство на ФИФА Катар 2022 година. Ние веруваме во милоста и прошката на Алах за него и упатуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство“.
Ал-Мислам работеше за катарскиот канал за вести Ал Кас ТВ и го покриваше Светското првенство. Околностите околу неговата смрт се нејасни, а ТВ каналот само накратко го спомна неговото починување на нивниот директен пренос.






