Уште еден месец карантин за Сиднеј

Властите во австралиската држава Нов Јужен Велс денеска го продолжија рокот на карантин поради коронавирусот во Сиднеј за уште еден месец, јавуваат медиуми.



Мерката е одгиовор на ширењето на Делта-сојот на коронавирусот.

– Карантинот се очекуваше да заврши в петок, но е продолжен до 28 август, изјави премиерот на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклјан.