„Можеме да потврдиме дека четири лица се мртви, вклучувајќи го и напаѓачот во престрелката во болницата Свети Франциско во Тулса, Оклахома“, објави локалната полиција на Твитер.



Маж со пушка влегол во болницата, се вели во соопштението, во кое се додава дека „неколку лица се повредени“.

Напаѓачот се самоуби, изјави градскиот советник Џејм Фаулер за локалната телевизија. „Тројца невини минувачи ги загубија животите“, додаде тој.

Масакрот доаѓа само неколку денови по крвавиот пир во Тексас каде напаѓач уби 19 деца и две учителки во основно училиште.