Новинарот Зоран Божиновски објавува дека по нова година добил ,,ЧЕСТИТКА,, поради која може да заврши на долгогодишна затворска робија.
Божиновски кој ја објавува и поканата за судење тврди дека зад честитката стои екс премиерот Заев.
Тој во последниве неколку месеци објави повеќе информации за можен криминал во ЕСМ и РЕК Битола при што се споменуваа и членови на семејството Заеви.
,,За Нова година и Божиќ 2013/14 бев во екстрадиционен притвор во Нови Сад.
За Нова година и Божиќ 2016/17 бев во притвор во Шутка.
За Нова година 2021/22 сум во Битола, на слобода, ама со обвинение за шпијунажа, уцена и злосторничко здружување.
По нарачка на протестантот и велепредавник Зоран Заев, по петти пат судењето ќе ми почне од почеток на 24 јануари. Нарачал и која обвинителка да го застапува обвинението против мене. Очекувам врвна забава.
За овие новогодишни и божиќни празници протестантот и велепредавник Зоран Заев и блудникот и развратник Васко Ковачевски Колбасо, ми смислиле ,,ЧЕСТИТКА,, во вид на покана од корумпираното битољско основно јавно обвинителство. ,,ЧЕСТИТКАТА,, е напишана во декември а ја добив завчера. ОСОМНИЧЕН сум, ама обвинителите не знаат за што, оти умот им е во кеш од наркодилерското подземје предводено од тројца началници во СВР БИТОЛА.
Полуписмените обвинители од ОЈО БИТОЛА не знаат што значи Закон за екстрадиција, не знаат што значи екстрадирано лице и други детали поврзани со оваа постапка. За да ги натерам да научат, на 31 јануари нема да се појавам во ОЈО БИТОЛА, туку ќе ги натерам да си дадат налог на полиција, да бидам стражарно приведен, за да направам спектакл од нивната глупост…
Инаку, мојот екстрадиционен предмет го нема! Изгоре во подметаниот пожар во министерство за правда кога политичкото крило на терористичка ОНА под работен наслов ДУИ, гореше предмети на нивни јунаци!
Нека светлината од Исусовото раѓање им го осветли патот на овие неписмени будали, може ќе прогледаат…”, објави Божиновски вечерва на Божик.
Предходно во време на Заев беа осудени или се водат повеќе случаи против новинари критички настроени кон СДСМ Александар Митовски, Љупче Златев, Горан Момироски и Драган Милосављевиќ.
Најчитани
Попушта ли трпението на поглаварот на Македонската црква кон соседите кои ги негираат Македонците?






