Хајрула Мисини, кој во два мандата беше пратеник на ДУИ а во 2001 година бил дел од ,,УЧК”, под прекарот командат Шпати денеска ја информираше јавноста дека ја напушта партијата.
„ Ја информирам јавноста дека од денес не сум член на Демократската унија за интеграција и која било политичка партија. Исто така, им се заблагодарувам на сите оние со кои сум соработувал цело време додека бев дел од раководството на Демократската унија за интеграција!, пишува Мисини во пишаната изјава, пренесува весникот „Лајм“.
Извор: Пресинг.Тв





