Уште еден Кенеди „ја мерка“ Белата куќа

 

Роберт Ф.Кенеди Џуниор (69) објави дека се пријавил да се кандидира на претседателските избори во Јута во 2024 година.



Тој го исполнил условот од 1.000 потписи за да влезе во претседателската трка за Белата куќа,јавува AFP.

Јута е првата држава каде што неговата кампања поднесе потписи и се квалификуваше за пристап до гласачките ливчиња.

Тој е потомок на една од најистакнатите американски политички династии.
Долгогодишниот екологист минатата есен ја напушти Демократската партија и ја објави својата независна кандидатура за Белата куќа.

Тој е син на поранешниот американски сенатор и јавен обвинител Роберт Кенеди и внук на поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди кој беше убиен во атентат во 1963-та.

Роберт Ф.Кенеди Џуниор стана познат за време на пандемијата COVID-19 поради неговите теории на заговор и има лојални следбеници меѓу луѓето кои го отфрлаат научниот консензус дека вакцините се безбедни и ефективни.

Сојузниците на претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп, кои се најверојатните кандидати на нивните партии, се прашуваат дали Кенеди може да ги помати плановите за уште еден нивен мандат во Белата куќа.