Турски трговски брод утрово се судрил со брод на грчката воена морнарица во близина на брегот на островот Лезбос вио источниот дел на Егејското Море.
Инцидентот се случил додека грчкиот брод „Aрматолос“ патролирал во грчки води, соопшти Генералштабот на морнарицата, во кое се вели дека бродот кој пловел под турско знаме влегол во грчки води и не одговарал на радио повиците и предупредувањето дека ги крши правилата за поморска безбедност.
Според „Катимерини“ „Арматолос“ бил дел од вежбата за контрола на приливот на мигранти преку Егејското Море.
Инцидентот се случува ден по посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Лезбос каде има голем број мигранти и каде беше пречекан со демонстрации.
Од почетокот на годината зголемени се тензиите меѓу Грција и Турција во Егејското Море.




