Есенски температури, од 7 на повисоките места, до 13 степени на југоистокот од земјата се измерени утрово.
Во поголемиот дел од Македонија е врнежливо, а на места дождот е постојан и интензивен.
Од УХМР прогнозираат во текот на денот времето да биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието и во Пелагонија.
Максималните дневни температури ќе се движат до 14 на повисоките мест и до 18 во регионите на Гевгелија, Дојран и во скопската котлина.
Во Скопје се очекува врнежливо утро, во текот на денот облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 18 степени.







