Патнички автобус, во кој бил само возачот се превртел вечерва околу 18:30 часот на патот од селото Василево кон селото Пиперево.
Возачот со иницијали А.М. со возило на итната медицинска помош е пренесен во болницата во Струмица, но според првичните информации нема посериозни повреди и е задржан на лекување и наблудување.
Несреќата ја потврдија од СВР Струмица, од каде информираат дека автобусот од засега непознато причини излетал од коловозната лента и се превртел.
Причините поради кои дошло до превртувањето засега се непознати, а екипа на СВР Струмица извршила увид на местото на несреќата.





