Две професорки од Институтот за педагогија имаат различен став од своите колеги за предлог-концепцијата за основно образование на министерката Мила Царовска.
Двете се во работната група на Министерството за образование која што ја подготвува реформата што значи дека тие го бранат и нивниот личен став и предлози на комисијата.
Лошо е пренесено дека сите имаат ист став, се вели во реакцијата на професорките Јасмина Делчева-Диздаревиќ и Лена Дамовска, на информацијата дека членовите на Институтот за педагогија со мнозинство гласови донеле заклучок дека не може да се прифати понудената концепција за осново образование.
“Ве извесувам дека како раководител на Институтот за педагогија, заедно со мојата колешка проф. д-р Лена Дамовска сме дел од работната група за изработка на предлог концепцијата зад која во целост стоиме и дека нѐ сите професори од Институтот имаат идентичен став во однос на предлог Концепцијата”, вели раководителката на Институтот за педагогија проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ.
Најголемите забелешки на стручната јавност на концепцијата на Царовска што ја бранат двете професорки е укинувањето на предметот историја кој во намален обем треба да стане дел од друг предмет.
На средината на ноември Владата ја прифатила оставката од проф. д-р Јасмина Делчева Диздаревиќ и ја разрешила од должноста член на Националната комисија за учебници.
Со ова Царовска има вкупно три јавни поддржувачки професорки.
Предходно поддршка за Царовска даде професорка по историја која е директорка на основно училиште во село Стајковци во Скопје.





