Сончево и многу топло време со максимални дневни температури до 42 Целзиусови степени, се очекува и денеска а индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) и натаму ќе има висока вредност 10.
Во Скопје и Скопската котлина денеска ќе биде сончво и топло, со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Температурата ќе достигне до 40 степени.
Од утре се очекува благ пад на дневните температури: Утринските ќе бидат од 14 до 23 степени, додека, пак, дневните ќе се движат во интервал од 27 до 38 степени а и во четврток се очекува дополнителен пад на температурите.
Утринските температури од 11 до 20 степени, додека, пак, максималните дневни температури ќе движат во интервалпот од 19 до 30 степени.





