Од вкупно 100 наши граѓани кои во периодов се наоѓале во Авганистан, 25 успеале да си заминат уште додека сообраќаа комерцијалните летови.
Уште толку денеска успеале да обезбедат лет за Доха, Катар. Остануваат уште 50 други лица..
„…Други 25 го чекаат следниот лет. Во моментов се на безбедно место. Се регистрираат и чекаат трансфер до авионот. Имаме информации и дека 25 граѓани кои се стационирани во американската база во Кабул, во близина на аеродромот во Кабул, се безбедни и чекаат на трансфер листата до аеродромот“ соопшти денеска министерот за надворешни, Бујар Османи.
Медиуми јавуваат за хаосот на аеродромот во Кабул.







